Украинците го објавија составот за ЕП, без голманот на Реал и дефанзивецот на Андерлехт

449

Фото: УАФ

Селекторот на Украина, Андреј Шевченко го објави конечниот список од 26 фудбалери за ЕП 2020. Од оној поширок список отпаднаа четворица: голманот на Реал Мадрид Андреј Лунин, потоа играчите од средниот ред Артем Бондаренко и Богдан Леднев, дефанзивеците Александар Сиротиј и Богдан Михајличенко. Двајца од нив немаа ниту еден настап за Украина и беа повикани за да ја почувствуваат атмосферата во А тимот, додека Лунин и Михајличенко имаат по шест настапи, а засега на Шевченко не му се потребни затоа што има доволно кадар.

Шевченко одбра тројца класични напаѓачи, Роман Јеремчук, Артем Беседин и Артем Довбјук. Сепак, тука е најопасниот Андреј Јармоленко, кој воедно е втор најискусен (по голманот Пјатов) со 92 меча и 38 голови. Фудбалерот на Вест Хем е офанзивен играч за врска од кого мора да се чуваме.

Со нив ќе играме на 17 јуни во 2.коло од групата.

ПретходноСити даде пола милион за 13-годишник
СледноАвстрија на ЕП со 19 фудбалери од Бундес лигата!