Артета разочаран: Се предадовме, за тоа се извинуваме!

139

Арсенал синоќа беше поразен со 3-0 од Кристал Палас во рамките на 31. коло во Премиер-лигата.

Тренерот на гостинскиот тим по дуелот не го криеше своето разочарување.

„Не трчавме, особено во првото полувреме. Доцневме за секоја топка, бевме меки во дуелите. Бевме лоши на топката, немавме доминација, ниту еден период од играта на го контролиравме темпото. Сето ова е неприфатливо. Се предадовме, за тоа се извинуваме. Мора да се прегрупираме“, изјави Артета.

Поразот не го очекувал на оваа средба.

„Ме прашавте дали можев ова да го предвидам? Не, не можев. Пред овој меч зборевме дека на овој стадион можеш да победиш само ако од стартот влезеш јако. Тоа значи да освојуваш дуели, да си присутен на секоја топка, бидејќи тие се физички силен тим“.

Киеран Тирни нема да биде до крајот на сезоната во составот на Арсенал, а поради повреда надвор од терените ќе биде и Томас Партеј, што пак е голем удар за Артета и неговите момци кои се наоѓаат на петото место во Премиер-лига, имаат 54 бода исто колку и четворопласираниот Тотенхем.

ПретходноВисар Муслиу во тимот на колото во 2.Бундеслига!
СледноНејмар: Бев пијан затоа ова ми успеа!