Австрија на ЕП со 19 фудбалери од Бундес лигата!

500

И Австрија го објави конечниот список на фудбалери за ЕП 2020. Франко Фода не експериментираше премногу и повика искусни фудбалери и дел помлади кои треба да бидат поддршка. Во составот има дури 19 фудбалери кои играат во Бундес лигата, и двајца во домашното првенство: резервниот голман Александар Шлагер (ЛАСК) и дефанзивецот Андреас Улмер (Салцбург). Тука е пргавиот Марко Арнаутовиќ, потоа новиот бек на Реал Мадрид, Давид Алаба, Марсел Сабицер од Лајпциг, новиот стопер на Црвена Звезда Александар Драговиќ…

Австрија утре игра тест меч со Англија, на 6 јуни ќе се пресмета со Словачка. Потоа стартува ЕП и во 1.коло од групата ќе игра со Македонија.

ПретходноУкраинците го објавија составот за ЕП, без голманот на Реал и дефанзивецот на Андерлехт
СледноЌе тресе мрежи и следната сезона: Кваљарела продолжи со Сампдорија!