Утре тимот на Сараево со Александар Васоски како тренер, и Крсте Велкоски го игра полуфиналето од овогодинешниот куп на БИХ против екипата на Игман на домашен терен. Амбициозен второлигаш кој не случајно е дојден во оваа фаза од натпреварувањето.
Васоски денеска ја одржа официјалната прес конференција пред дуелот, а на неа изјави дека Сараево секако е фаворит, но тоа не мора ништо да значи.
„Многу важен меч за нас. Првенствено затоа што наша прва цел сезонава беше освојување на купот, и затоа максимално м пристапуваме на овој меч. Иако тимот на Игман е второлигаш, сепак, не случајно е тука. Имаме се во наши раце, без калкулирање одиме да обезбедиме добар резултат пред реваншот“ – изјави Васоски.