Хамиди: Гостувањето кај Скопје ќе биде многу тешко

140

Лидерот на ПМФЛ табелата, тимот на Шкупи има сериозна предност пред останатите екипи од шампионатот, но сепак, титулата сеуште не е осигурана. Има уште да се игра и секој кикс или победа може да делува позитивно или пак негативно на ситуацијата.

Па така, во утрешното ново коло во домашниот шампионат, Шкупи гостува на Автокоманда, каде што ќе се сретне со домаќинот Скопје. Тим кој пак изминатиот викенд и тоа како изненади со победата кај Академија Пандев на гости.

„Нема да биде лесен натпревар утре против Скопје, тие се многу незгодна екипа која се бори до крај, а тоа го покажаа и со натпреварот против Академија Пандев. Верувам дека сме соодветно подготвени и продолжуваме да работиме за да ја оствариме нашата цел иако на овој меч сме фаворит на хартија, но ќе влеземе на терен за да победиме и да освоиме три бода почитувајќи го противникот до максимум“, изјави Валид Хамиди.

 

ПретходноПиоли: Создаваме многу ситуации, но не ги реализираме
СледноДочекавме и ова, тепачка на тениски терен (ВИДЕО)