Иднината на играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба повторно е пред ќорсокак. Пари Сен Жермен упатил понуда до францускиот играч за врска, но играчот ќе го чека Јувентус, за да се врати во Торино.
ПСЖ му понудил на Погба помала плата од онаа која ја има во Манчестер Јунајтед и одлични услови за бонси. Сепак, Французинот им рекол дека сака да се врати во Јувентус, од кого очекува мало покачување на последната понуда, со која платата треба да му биде намалена на половина од сегашната.
Погба играше за торинскиот клуб од 2012 до 2016 година.