Тренерот на Виљареал Унаи Емери не се сомнева дека Баерн Минхен е големиот фаворит во дуелите од четвртфиналето на Лигата на шампионите, но исто така додаде дека неговиот тим исто така има шанси да помине понатаму. То знае дека тимот треба да го покаже најдоброто лице, а на моменти дури и да го промени вообичаениот стил на игра.
„Се радуваме што ќе играме против Баерн. Тие се фаворити и стигнаа до тука без пораз. Ќе биде многу поразлично од оние дуели со Јувентус. Треба да се адаптираме и да сме блиску до најдоброто ниво“, изјави баскискиот тренер на пресот пред утрешниот дуел.
„Мислам дека Нагелсман (тренерот на Баерн) отворено кажа дека сака да ни ги урнат шансите уште на првиот меч. Го почитуваме Баерн, го анализиравме и работиме на тоа да најдеме против игра. Ќе се обидеме да останеме живи по првите 90 минути. Сакаме да одиграме силно утре, да доживееме посебен момент. А мислам дека го можеме тоа. Успеавме да поминеме група во која беа Манчестер Јунајтед и Аталанта, потоа го победивме и Јувентус и мислам дека не сме случајно во четвртфинале“, рече Емери.
Мечот се игра на „Алијанц арената“ во Минхен утре со почеток од 21 часот.