Тамше: Горд сум на моите момци, победија во Битола, а тоа не е лесно

169

Тренерот на Нексе Бранко Тамше беше задоволен од победата на неговиот тим во Битола пред битолската публика и наведе дека тоа не е лесно да се направи. Нексе патува понатаму во Лигата на Европа, а Пелистер останува да се бори за титулата во домашното првенство.
Прво, би сакал да го кажам она кое го очекував. Цел ден им кажував на играчите, дека Битола има публика која пее цел натпревар и е главна поддршка на играчите. Благодарам на гостопримството, беше совршено. Знаев дека чека еден тежок меч. Ние на почетокот влеговме лошо, Еурофарм Пелистер диктираше свој ритам и казнуваше. Нашиот стил на ракомет го игравме еден дел во првото и еден дел во второто полувреме. Така успеавме да ја направиме клучната разлика. Горд сум на својот тим, победивме пред едни од најракометните навивачи. На Еурофарм Пелистер му посакувам она кое тимот најмногу го сака, тоа е титулата“, изјави Тамше.

ПретходноMojсов: Нексе беше подобар од нас, сега целта ни е да ја донесеме титулата во Битола
СледноЛШ полувреме: Ливерпул води 2:0 во Лисабон, деби гол на Конате (видео)