Манчестер Сити на реванш четвртфиналето во Лигата на шампиони кај Атлетико Мадрид оди со минимална предност, на домашен терен славеше со 1-0.
Манчестер Сити на реванш четвртфиналето во Лигата на шампиони кај Атлетико Мадрид оди со минимална предност, на домашен терен славеше со 1-0.
По завршување на мечот, Пеп Гвардиола на некој начин го исмејуваше Атлетико и формацијата 5-5-0, момент кој не им се допадна на дел од играчите.
„Мислевме дека играат 5-3-2 формација, но потоа одлучија да играат 5-5-0. Играњето со две линии од по пет играчи е праисторија, денесka и во следните 100.000 години да се игра против два блока од пет играчи е многу тешко. Нема простор, тие одлично се бранат“, рече Гвардиола.
Првиот играч кој му одговори на Гвардиола беше Коке, капитен и долгогодишен предводник на Атлетико Мадрид.
„Вљубен сум во тебе од праисторијата, горд сум што сум дел од Атлетико“, изјави искусниот играч за врска.
Реваншот меѓу двата тима е за седум дена во Мадрид.