Вардар по чудо пред околу 6.000 навивачи во Веспрем

160

Вардар 1961 е на чекор пред елиминација во Лигата на шампионите. Македонскиот првак не ја искористи максимално шансата на домашен терен во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампиони. Во СЦ „Јане Сандански“, издржа само 20. минути против Веспрем, на крајот беше поразен со осум гола разлика, негатива која тешко може да се анулира.

Давид Дејвис и неговите момци ќе играат пред полни трибини, пред два дена од таборот на унгарскиот тим информираа дека билетите се распродадени, па домашните ракометари ќе имаат поддршка од околу 6.000 фанови.

Вардар во најсилното европско клупско натпреварување бил пример како невозможното станува возможно, но во еден поинаков состав, во едни поинакви услови.

Домаќинот е претпазлив иако осум гола предноста се сосема доволни, кога имаш ростер како Веспрем.

Натпреварот меѓу двата тима е закажан со почеток во 18:45 часот. Вечерва реванш во ЛШ игра и Никола Митревски, неговиот Порто е гостин на Монпеље, првата средба заврши без победник.

ПретходноШкендија со Шаќири во Битола: Момци, нема веќе зафрканција…
СледноАнчелоти со негативен тест на Ковид-19!