Шкендија се намачи во градското дерби, но остана на второто место

123

Синоќа се одиграа последните лигашки натпревари пред завршниот турнир од Купот на Македонија. Очекувано, победи остварија најдобрите два тима во досегашниот дел од сезоната. Актуелниот првак Струмица 47&72, лесно мина во Велес совладувајќи го ГОК Борец во три сета, а Шкендија дури по пет сета успеа да прокнижи два бода на дуелот со градскиот ривал Универзитет во Тетово.

Сепак, оваа победа го враќа тетовскиот тим на второто место на табелата за сметка на Вардар, кој во оваа рунда лесно ја совлада Лирија. Последното коло од оваа фаза останува да реши само уште кој од Шкендија или Вардар ќе имаат домашна предност во меѓусебната серија до две победи мво полуфиналето.

Прва лига (мажи), Втора фаза-1 (9.коло)

Вардар – Лирија                                           3:0 (25:14, 25:18, 25:22)

ГОК Борец – Струмица 47&72                       0:3 (16:25, 10:25, 16:25)

Универзитет во Тетово – Шкендија               2:3 (25:16, 20:25, 16:25, 29:27, 10:15)

ТАБЕЛА: Струмица (19-0), Шкендија (14-5), Вардар (13-6), Универзитет во Тетово (10-9),ГОК Борец (7-12), Лирија (7-12)

ПретходноПМФЛ: Работнички ја ПРЕГАЗИ Брегалница на Илчо, Шкендија со Шаќири со три бода, „лавовите“ во 93.минута до победа
СледноБитка за Европа: Шкендија, Македонија ЃП, “пандевци“ го губат здивот…