По сите шпекулации дека ова лето Ливерпул ќе тргне по потписот на Норвежанецот Ерлинг Халанд, менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп излезе со изјава во која ја отфрли можноста Халанд да се пресели на „Енфилд“.
„Нема да се обидуваме. Сумите кои се вртат околу неговиот трансфер се едноставно луди. Нема да имаме ништо со тоа. Нема шанси!“, вели Клоп.
„Да бидам искрен, не сакам да имам ништо со тоа. Воопшто не е забавно“, дополнил Германецот.