Милан се засилува со двајца играчи од Челзи

542

Foto>Twitter

Италијанскиот Милан испратил понуда од 28 милиони евра до Челзи за да ги откупи правата на дефанзивецот Фикајо Томори, соопштуваат од Италија. Толкава е и откупната клаузула, за која се договориле двете страни во случај „росонерите“ да посакаат да го задржат фудбалерот кој моментално игра на „Сан Сиро“ како позајмен. Сезонава тој запиша 17 меча во Серија А и уште 4 во ЛЕ, но ги убедил раководните луѓе во своите квалитети.

Се очекува зделката да биде комплетирана во наредните денови. Но соработката меѓу Милан и Челзи нема да застане тука. „Калчомеркато“ тврди дека и Оливие Жиру е на пат да премине на „Сан Сиро“. 34-годишниот француски напаѓач ја освои ЛШ со Челзи, а сега може да премине во Милано и да му биде партнер на Ибрахимовиќ во нападот. Жиру може да потпише како слободен играч и тоа на две години.

На списокот на потенцијални засилувања на Милан е и македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски, но ќе има и разделба со некои фудбалери: Емерсон, Давиде Запакоста и Темуе Бакајоко.

ПретходноАрсенал го купува суспендираниот Онана од Ајакс
СледноГи објавија стадионите за Копа Америка