Кошаркарите на МЗТ Скопје со 87-98 како гости, успеаја да слават над тимот на ФМП. Тим кој што до пред извесно време беше предводен од Александар Петровиќ, сегашниот стратег на „металците“. Ова е уште една победа во серија за тимот од Аеродром во домашниот шампионат.
Домашниот состав само во првата четвртина, која ја доби со 27-25, делуваше сигурно, како да сакаше да најави дека има намера да дојде до добар резултат.
Но следуваше жесток одговор на “металците“ кои втората четвртина ја добија со деесет понеди разлика, за да во продолжението од средбата само ја одржуваа таа предност.
Рикиќ и Николов кај победничкиот тим постигнаа по 17 поени, додека кај поразениот состав најдобри поентери со по 16 поени беа Ајви и Тодоровски.