Некогашниот голем француски талент Хатем Бен Арфа дојде во Лил на почетокот на сезоната со надеж дека ќе ја рестартира кариерата, меѓутоа место тоа може да добие отказ. Бен Арфа се искарал со тренерот Жозелин Гурвенек со тоа што му порачал дека не може Лил да го води како што претходно го водел Генгамп, а поради таквите непристојни реакции тој ќе биде пречкртан.
„Работам 34 години и ова не сум го видел. Тоа што сме во злобно и „извртено“ опкружување не значи дека и ние мораме да бидеме злобни“, порача Гурвенек.
Гурвенек се мачи да го насочи францускиот шампион кон врвот меѓутоа резултатите го ставија само на седмото место. Во последниот меч одиграа без голови со Сент Етјен, а Бен Арфа се чудеше колку лошо играле. Тоа го поттикнало да искоментира дека Гурвенек не е достоен да води голем клуб.
„Ти и твојот претседател сте “извртени““, напишал Бен Арфа по прес-конференцијата на Гувернек по мечот.