Футсал: Арбен Бајрами е освојувач на Купот на Македонија

1068

 

Футсал тимот на Арбен Бајрами е победник во Купот на Македонија за сезоната 2021/22. Вечерва во финалето, футсалџиите на Арбен Бајрами со 5:1 го победија составот на Карадаку и со тоа заслужено го освоија пехарот во Купот.

Веќе во 7.минута Сулејмани го донесе во водство составот на Арбен Бајрами, но само две минути подоцна Карадаку со голот на Исени израмни на 1:1.

Сепак од тој момент па се до крајот на ова финале, кое се играше во салата во Автокоманда во Скопје, тимот на Арбен Бајрами ги диктираше настаните на теренот. Во 20.минута Рамадани стрелаше за 2:1, за да потоа во листата на стрелците се запишаа и Јакупи во 24.минута, и Јајхај кој постигна два гола во 26.и 35.минута за конечни 5:1.

Судии на овој натпревар беа Јосип Бартон, Игор Иванов и Тоше Ицев.

Претходно„Резервистот“ Брант со два гола донесе победа на Борусија над Штутгарт (видео)
СледноСевиља успеа да ги освои бодовите во луд меч со Гранада (видео)