Лазаров денеска прозива, Македонија на два меча до нов Мундијал

251

Македонската ракометна репрезентација ја делат два меча до пласман на ново Светско првенство, овој пат во Шведска и Полска следната година. На патот до овој Мундијал им стои добро познат противник, тимот на Чешка.

Кирил Лазаров денеска (18:30 часот) во хотелот „Александар Палас“ ќе прозива. На списокот на селекторот се најдоа 23 ракометари. Времето за подготовка е кратко, со оглед на тоа дека првата средба се игра во средба (13. април) во Злин со почеток во 20:15 часот, а репрезентацијата ќе биде комплетна во понеделник. Последни во стројот ќе се приклучат ракометарите кои настапуваат во Германија.

Двата дуели против Чешка треба да бидат последни за Лазаров и Миркуловски. Нашиот најдобар ракометар по завршување на сезоната треба да стави крај на својата кариера, а со тоа и повлекување од теренот и во националниот дрес после 21 година.

Миркуловски во репрезентацијата се врати со цел да помогне, тој во иднина ќе остане во стручниот штаб на Лазаров.

Реваншот меѓу Македонија и Чешка се игра на 17. април во СЦ „Борис Трајковски“, подобриот од овој браж двомеч ќе биде дел од СП 2013 година.

ПретходноЖесток судир во квалификациите за Ф1, возачите полудеа (ВИДЕО)
СледноМеси, Роналдо, Иниеста: Избрани се најдобрите 100 фудбалери во светот во овој век…