Евролигата го објави распоредот за плеј-офот

97

Евролигата денеска го објави распоредот на натпреварите за завршната рунда сезонава, популарниот плеј-офот. Засега се уште не се познати две двојки во Топ 8 фазата, со оглед на тоа што точниот распоред на табелата ќе биде познат дури откако Макаби и Фенербахче ќе го одиграат својот одложен натпревар.

Првите натпревари од плеј-офот ќе бидат на програмата на 19 април. Тогаш Барселона и Баерн, односно  Армани и Анадолу Ефес или Макаби ќе ја отворат завршната рунда до Ф4 турнирот во Белград.

ПретходноПСЖ го „чести“ Мбапе со 180 милиони евра, само за да потпише нов договор!?
СледноТухел: Не спијам поради мечот со Реал, го гледав мечот безброј пати