Тимот на Челзи денеска гостува кај Саутемтон од 16:00, но очигледно дека на Стемфрод Бриџ сеуште размислуваат за болниот пораз во Лигата на Шампионите, од Реал Мадрид. „Сините“ загубија на домашен терен со 1:3 и реално имаат „планина за искачување“ пред себе сако сакаат полуфинале во ЛШ.
Менаџерот Томас Тухел вели дека сеуште има кошмари од тој меч и дека го погледнал безброј пати за да сфати што се случило.
„Го гледав мечот во сред ноќ. Следниот ден го гледав утрината, па предтренингот, и секој пат „зовирав“ од нервоза. На сред ноќ јадев чоколадо. Ми требаше многу шеќер за да го изгледам целосно. Не беше добро. Имаме разработен систем во клубот, како ги објаснуваме работите кои нечинат, за да не ги заборавиме. Некои моменти од мечот морав да ги стопирам и да прошетам за да ги „сварам“, за да ги мемориам. Добро е да ги гледаш мечевите, затоа што сфаќаш каква порака ти праќаат„ – изјави Тухел.