Голема борба во Ѓорче и само 1:1 во дуелот меѓу Македонија ЃП и Брегалница. Штипјани беа блиску до победата, имаа водство со голот на Џокиќ, но “лавовите“ се спасија од пораз во 78.минута и тоа од пенал кога Сефер Емини погоди за конечни 1:1.
На останатите мечеви од 27.коло во ПМФЛ интересни резултати. Во дербито на Тетово, Шкендија водеше во поголем дел од мечот со прекрасниот гол на Хасани, но во финишот Шефити успеа да израмни на 1:1 и на Ренова да и донесе бод.
Шкупи со 3:1 успеа да го “скрши“ Борец. Сенгор даде два гола, по еден во двете мрежи, потоа Адетунџи донесе ново водство за да во финишот видиме супер – гол на Грузиецот Маргвелашливи со шут со „ножички“ за конечни 3:1.
Струга Трим Лум со голот на Сава Радиќ успеа да го победи Скопје. Интересен меч, голема борба. Со овие три бода се чини дека Струга ТЛ и дефинитивно се спаси од оние места кои водат во бараж.
А. Пандев со 2:0 славаше против Пелистер, Митровски од пенал и Велиновски им пресудија на борбените битолчани.
Во првиот денешен меч од ова коло, Работнички на Арената во Скопје, со голот на Максимов, успеа да го победи Тиквеш со 1:0.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 27.КОЛО
А.ПАНДЕВ – ПЕЛИСТЕР 2:0
(Митровски (п) 51.,, Велиновски 86./)
МАКЕДОНИЈА ЃП – БРЕГАЛНИЦА 1:1
(Емини (п) 78.,/Џокиќ 59.)
ШКЕНДИЈА – РЕНОВА 1:1
(Хасани 36.,/Шефити 88.,)
ШКУПИ – БОРЕЦ 3:1
(Сенгор 18., Адетунџи 66., Маргвелашливи 82./Сенгор (авт) 21.,)
СТРУГА ТЛ – СКОПЈЕ 1:0
(Радиќ 67./)
РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ 1:0
(Максимов 30.,/)