Лидерот Милан не успеа да ја зголеми бодовната предност во однос на второпласираниот Интер и третиот Наполи во италијанската Серија А. „Росонерите“ после оние 0:0 против Болоња, вечерва одигра без голови и на гостувањето кај Торино на што најмногу се израдува Интер.
Разликата меѓу Милан и Интер е два бода (68-66) со тоа што „нероаѕурите“ имаат и меч помалку. Наполи има исто бодови со Интер со напомена дека има 32 меча исто колку и Милан, а екипата на Елиф Елмас може да жали што не е лидер затоа што денеска доживеа пораз дома од Фиорентина.
Инаку ова е осмо реми на Милан сезонава, а Торино е на 11. позиција со 39 бода.