Леванте шутираше три пенали, а загуби од Барса со гол во 92. минута (видео)

459

Екипата на Леванте може да жали што не освои барем бод од дуелот со Барселона вечерва на свој терен во рамките на 31. коло на Ла Лига. Моралес од пенал во 52 минута го доведе Леванте во предност од 1:0, а четири минути подоцна Роџер Марти не успеа да реализира удар од белата точка за повисоко водство на домашниот тим. Тоа им се врати, Барселона во 59. и 63. минута преку Обамејанг и Педри дојде во водство.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди влезе во игра во 76 минута, шест минути подоцна неговиот тим изедначи на 2:2 преку Мелеро од пенал.

Барселона, сепак, ги грабна трите бода со гол на Лук де Јонг во втората минута од судиското продолжение.

Барса со меч помалку е втора на табелата со 60 бода исто колку и третата Севиља. Леванте е претпоследен со 22 бода, седум помалку од сигурната зона.

ПретходноMилан пак испушти бодови, Интер се радува
СледноМладите надежи повторно поразени на турнирот во Призрен