Реал Мадрид подготвува нов фудбалски земјотрес, сличен како оној во 2009 година. Тогаш на „Сантијаго Бернабеу“ пристигна Кристијано Роналдо, сега би можел да дојде Килијан Мбапе за 350.000.000 евра.
Новинарот кој е специјалист за трансфери, Ди Марицио тврди дека Реал има усмен договор со напаѓаџот на ПСЖ на кого ова лето му истекува договорот.
Се уште ништо не е официјално, Мбапе нема ставено потпис. ПСЖ се обидува со богати понуди да го задржи во својот тим и со тоа да му нанесе тежок удар на Флорентино Перез.
Реал е подготвен за потписот на Мбапе да издвои бонус од 100.000.000 евра бруто, покрај ова му понудиле договор спред кој ќе заработува 50.000.000 евра бруто, поточно 25.000.000 евра нето.
Колку е голема понудата говори фактот дека во Реал ниту еден друг играч нема поголема плата од 12.000.000 евра. Од шпанскиот тим сакале Мбапе да потпише преддоговор, но истиот би значел парична казна за Мбапе, кој пак не сакал тоа да го стори.
Реал слично направи во 2008 година кога потпиша пред договор со Роналдо, кој дојде до Манчестер Јунајтед.
Останува да видиме дали Мбапе ова лето ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“…