Момент за историја, меч во Бундеслигата прекинат поради рамазански пост (ВИДЕО)

697

Мечот од последното коло во Будеслигата ќе остане запаметен во историјата како првиот кој бил прекинат од религиозни причини. Судијата Матијас Јолембек на неколку секунди го прекина мечот за да капитенот на гостите, Муса Ниакате се напие вода, односно го прекине рамазанскиот пост.

Ова наиде секако на општо одобрување како на актерите на теренот, така и во целата јавност.

„На полувремето го прашав судијата дали би сакал да го прекине мечот на неколку секунди и тој даде потврден одгоров. И да не го направеше тоа јас ќе го разберев“ – изјави Ниакате по мечот.

VIDEO: Igrač zahvalio sucu jer je prekinuo utakmicu!

ПретходноЌе биде вистинско чудо ако преживее: Ако се случи тоа, Ринкон ќе има големи последици
СледноВан Гал: Третманот за мојот канцер е успешен