Женската македонска фудбалска репрезентација денеска од 18:00 часот на гостински терен го игра осмиот квалификациски дуел од оваа кампања против соодветната селекција на Луксембург.
Нашите девојки ќе се обидат на овој меч да го поправат впечатокот од пред некој ден, кога на домашен терен бевме декласирани со 0:10 од Англија, лидерот во групата, и ќе пробаме да оствариме нов поволлен резултат. Истиот ќе биде само уште еден плус на веќе обезбедената една победа во оваа кампања токму против Летонија на гостински терен. Од Луксембург во Скопје загубивме 2:3.