Бешикташ не се откажува од Пјаниќ, иако Барса сака да си го врати во јуни

178

Откако вчера се појавија информации дека Пјаниќ дефинитивно ќе се врати во Барселона на крајот на сезоната, откако ќе му истече позајмицата во Бешикташ, денеска стигна демант.

Спортскиот директор на Бешикташ, Џејхун Казанџи, изјави дека се уште ништо не се знае и дека се ќе зависи од тренерот Валеријан Исмаил.

„Нема јасна одлука за Пјаниќ и Батшуаи. Можеби во согласност со препораките на тренерот Исмаил, ќе биде покрената иницијатива за задржување на двајцата. Мислењето на тренерот ќе биде клучно, а тренерот се уште нема дадено извештај за овие двајца играчи“, додаде спортскиот директор на Бешикташ.

Пјаниќ оваа сезона досега одигра 24 натпревари и има четири асистенции во истанбулскиот состав, со кој оваа сезона успеа да го освои турскиот Суперкуп.

ПретходноДвата меча од баражот со Чешка во живо на МРТ
СледноУ19: Пораз од Словенија во мечот за прво место