Сензација во Монте Карло: Ѓоковиќ елиминиран уште во првиот настап!

142

Шпанскиот тенисер Алехандро Давидовиќ-Фокина направи вистинско изненадување на стартот на турнирот во Монте Карло елиминирајќи го првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ во рамките на второто коло на Мастерс турнирот.

Со неверојатна игра, 45-от тенисер на светот во три сета го скрши отпорот на Ѓоковиќ – 6:3, 6:7, 6:1.

Речиси три часа траеше големата борба на првиот и 45. тенисер во светот во Монте Карло. Фокина со својата неверојатна упорност успеа да го елиминира српскиот тенисер, а веќе во првиот сет му покажа на Новак дека нема да има лесна работа.

Одличниот Шпанец во следното коло ќе игра против победникот од дуелот Гофан-Еванс.

ПретходноУ19: Пораз од Словенија во мечот за прво место
СледноНадежите до 14 години без победа го завршија турнирот во Призрен