Македонските ракометари вечерва слетаа во Острава, од каде ќе патуваат околу час и половина со автобус до Злин каде што утре во 20.15 часот ќе го одиграат првиот бараж меч за пласман на СП. Атмосферата е позитивна, расположението исто така, мотивот на високо ниво. Одиме на добар резултат пред реваншот во Скопје.