Симеоне за реваншот со Сити: Секој може да каже што сака, Атлетико е спремен за триумф

148

Утре со почеток од 21:00 часот Атлетико Мадрид на свој терен ќе го пречека Манчестер Сити во реванш дуелот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Првиот дуел на „Етихад“ го доби Сити со 1:0, а Симеоне беше критикуван поради бункерот кој на крајот не издржа.
Секогаш ги почитуваме противниците. Сити и Ливерпул одиграа страшен меч во Премиер лигата. И двата тима најдоа одговор за нападите на противникот. Сити не се променил многу. Имаат интересен стил на игра, имаат врвни играчи и генијален тренер. Секој пат ги гледаме на телевизија. За да победиме ќе ни треба да одиграме одлично. Само со желба нема да се случи пресврт, имаме потреба да го кренеме нивото и да му ја отежниме работата на противникот. Спремни сме за тоа“, изјави Симеоне.

Постојано велам дека тренер сум од 2005 година и сум го почитувал секој колега. Секој тренер има различен начин да го искаже тоа кое го бара во играта на тимот. Мислите се бесплатни и секој може да каже што сака. Јас ги почитувам колегите“, вели Аргентинецот.

ПретходноКлоп: Ова е најсилниот Ливерпул
СледноЛШ Полувреме: Челзи води во Мадрид, може ли до чудо?