Чешка беше нашата виза за последниот Мундијал, нека биде така и сега!

226

Македонската ракометна репрезентација вечерва (20:15 часот) во Злин го игра првиот бараж меч против Чешка за пласман на Светското првенство 2023 година. За Кирил Лазаров и неговите момци ова е добро познат противник, со кого играат најчести дуели во последнава деценија.

Чешка беше нашата „виза“ за место на последниот Мундијал, но на еден поинаков начин, во едно поинакво време. Во Египет, Македонија се најде токму на местото на оваа селекција, која мораше да го откаже своето учество поради Ковид-позитивни во тимот.

Кога сме кај баражите, последен пат против нив „црвено-жолтите“ играа во јуни 2016 година. Во Злин загубивме со шест гола, но потоа во Скопје победивме со седум. Со Чешка игравме и во квалификации за ЕП 2016 и ЕП 2018, Македонија излезе како победник.

Последната пресметка со оваа репрезентација ни беше на Европското првенство 2020 година во Виена, Македонија беше поразена 27-25. Две години претходно исто се сретнавме на континентално натпреварување, тогаш исто бевме поразени со 24-25, Дејан Манасков во втората рунда во Вараждин не реализираше од седум метри за реми.

ДОСЕГАШНИ ПРЕСМЕТКИ

ЕП 2020: ЧЕШКА – МАКЕДОНИЈА 27-25 (Виена)

ЕП 2018: МАКЕДОНИЈА – ЧЕШКА 24-25

Квалификации за ЕП 2018: МАКЕДОНИЈА – ЧЕШКА 33-20

Квалификации за ЕП 2018 ЧЕШКА – МАКЕДОНИЈА 35-28

Бараж за СП 2017: МАКЕДОНИЈА – ЧЕШКА 34-27

Бараж за СП 2017: ЧЕШКА – МАКЕДОНИЈА 28-22

Квалификации за ЕП 2016: МАКЕДОНИЈА – ЧЕШКА 32-28

Квалификации за ЕП 2016: ЧЕШКА – МАКЕДОНИЈА 27-27

ЕП 2014: МАКЕДОНИЈА – ЧЕШКА 24-24

ЕП 2012: ЧЕШКА – МАКЕДОНИЈА 21-27

Квалификации за СП 2007: ЧЕШКА – МАКЕДОНИЈА 43-25

Квалификации за СП 2007: МАКЕДОНИЈА – ЧЕШКА 36-31

ЕП 1998: ЧЕШКА – МАКЕДОНИЈА 38-18

Квалификации за ЕП 1996: МАКЕДОНИЈА – ЧЕШКА 27-27

Квалификации за ЕП 1996: ЧЕШКА – МАКЕДОНИЈА 33-16

ПретходноБруклин и Минесота се пласираа во НБА плеј-офот
СледноНадреална сцена во НБА: Истрча на терен и се обиде да се залепи за паркетот!?