НБА почнува да има се повеќе проблеми со контролата врз навивачите во своите сали. Ако пред неколку недели маж во гаќи го прекина мечот меѓу Хјустон Рокетс и Сакраменто Кингс, синоќа во плеј-ин разигрувањето прекин имаше на мечот меѓу Минесота Тимбервулфс и ЛА Клиперс.
Навивачка на Тимбервулвс излезе на теренот во текот на втората четвртина и се намачка со лепак во обид да се залепи за паркетот во салата во знак на протест.
Обезбедувањето успеа да ја совлада навивачката, која носеше маица со порака против сопственикот на Минесота, кого го обвинуваат за злоупотреба на животни.
„Глен Тејлор пали живи животни“ пишуваше на маицата на жената која избра една од најоригиналните форми на протест во спортската историја.