Како што е познато денеска стартуваше завршниот турнир во АБА 2 лигата, кој се одржува во Скопје, на кој домаќин е нашиот шампион МЗТ Скопје. Во првиот напревар, Борац Бања Лука по вистинска драма успеа да слави над Младост Земун со 80-79, додека на вториот меч, исто така со интересен финиш, Златибор го победи Хелиос со 84-82. Па така овие две екипи ќе играат во петок во првото полуфинале. Да потсетиме дека Хелиос беше еден од фаворитите за освојување на првото место на овој турнир, што секако дека е добра вест за МЗТ Скопје.
МЗТ Скопје од 18 часот се среќава со Сутјеска, а вечерва од 21 часот, меѓусебе силите ќе ги одмерат Широки Бријег и Спарс Сараево. Победниците од овие два меча ќе се најдат во второто полуфинале.
ФОТО: ABA League/Dragana Stjepanovic