ПОЛУВРЕМЕ: Македонија во Злин има три гола предност

191

СПОРТМЕДИА во Злин, Марија Ковачева

Македонската ракометна репрезентација по првото полувреме, од првиот меч во баражот за пласман на СП, на гости кај Чешка, има предност од три гола (10-13). Митревски запиша седум одбрани, Талески со четири гола е прв стрелец.

Нашите момци одлично го почнаа мечот, Митревски запиша две одбрани, Кузмановски, Талески, Пешевски и Георгиевски донесоа 1-5 во деветата минута. Одбраната беше на високо ниво, изнуди технички грешки на противникот. Пропуштивме шанса за плус пет, Чешка вториот гол го постигна пред 10 минута (5-2).

Македонија влезе во криза, пет минути беше без гол, Лазаров не реализираше седмерец. Кузмановски го прекина овој период за 3-6 на средината на првото полувреме.

Три одбрани на Митревски, погодок на Лазаров и Талески одново не донесоа на плус четири (4-8) во 18 минута, беше и 5-9.

И одново пад, Јагуриновски доби исклучување, ние после пет минути реализиравме, Столе врати на 7-10 во 27 минута.

На две минути до одморот, останавме со играч помалку, Чешка дојде на минус два (9-11). Успеваме да задржиме плус три (10-13).

Најдобар стрелец во нашиот табор е Филип Талевски со четири гола.

 

ПретходноПетровиќ: Кога имаш ваква поддршка од навивачите не можеш да загубиш!
СледноПознати се сите четвртфинални дуели во Евролигата