Познати се сите четвртфинални дуели во Евролигата

139

Макаби Тел Авив го совлада Фенербахче со 85:76 во последниот меч од регуларната сезона во Евролигата со што се комплетирани сите четвртфинални двојки во најсилната кошаркарска лига во Европа. Па така Макаби по оваа победа над турската екипа врза серија од шест победи и во следната фаза ќе се соочи со Реал Мадрид.

На другите натпревари Олимпија Милано ќе се соочи со бранителот на титулата Анадолу Ефес.

Барселона која заврши прва во групната фаза ќе игра против Баерн Минхен кој го зазеде осмото, последно место кое води во плеј-офот.

А Олимпијакос ќе игра со Монако.

Плеј-офот сериите ќе почнат на 19 април и ќе трае до 4 мај. Победниците ќе учествуваат на Фајнал фор турнирот кој ќе се одржи во Белград од 19 до 21 мај.

ПретходноПОЛУВРЕМЕ: Македонија во Злин има три гола предност
СледноМурињо за реваншот со Бодо: Нека победи подобриот, а тоа сме ние