Самараџиев: Ќе уживаме во секоја минута на теренот

390

МЗТ Скопје и Еуро Никел после девет години одново се најде во финалната битка за титулата во македонскиот шампионат. Првиот меч на програмата е денеска (19 часот), а предноста на домашен терен ја има тимот од Аеродром.

Кавадарчани на патот кон финалето го совладаа најтрофејниот кошаркарски колектив со 2-0 во серијата, па токму овој голем успех им дава право да уживаат во секоја минута на теренот. Ќе се борат и ќе се обидат да дојдат до четвртиот трофеј.

„Очекувам фер и коректна кошарка од двата тима, па нека победи подобриот. Ние после десет години сме повторно во финале, и ќе уживаме во секоја минута на теренот. Нема да има многу тактички надмудрувања бидејќи веќе одигравме многу натпревари, и се е јасно од каде доаѓа најголемата опасност. Ќе гледаме да го изненадиме МЗТ Скопје на нивниот терен уште на првиот натпревар. Кој ќе има поголема желба за победа тој ќе има повеќе шанси за триумф. Ние ќе се бориме до последниот здив и ќе се бориме до крај. Нека победи кошарката“, вели Горан Самарџиев.

ФОТО: КФСМ

ПретходноПандев: На Македонија и одговара улогата на аутсајдер, тогаш е најопасна!
СледноКуман останува, но Лапорта му поставил услов