Атлетико Мадрид и покрај големата желба сепак не успеа синоќа на својот “Ванда Метрополитано“ на реваншот со Манчестер Сити да дојде до резултат кој ќе го однесе во полуфиналето во Лигата на Шампионите. Евидентно беше нерасположен Диего Симеоне, стратегот на мадриѓаните на прес – конфренцијата по мечот со “граѓаните“.
Тој покрај другото одговараше и на прашањата на новинарите околу Пеп Гвардиола, околу тоа дали стратегот на Сити со изјавите во последните неколку дена покажа дека не го почитува Атлетико Мадрид и посебно Диего Симеоне.
На се ова Симеони имаше свој одговор, во негов стил…
„Воопшто не ме интересира кој што говори за мене, дали тоа е добро или лошо. Тие луѓе што имаат широк вобакулар на зборови се доволно интелегентни да те фалат додека во исто време те презираат. Сепак, ние не сме така глупави, иако можеби нашиот вокабулар е помал од нивниот“ посочи Аргентинецот за Пеп.
На прашањето дали има совет за Реал Мадрид за тоа како градскиот ривал треба да игра против Сити во полуфиналето, Симеоне само кусо одговори и го прекина пресот…
“Такво нешто никогаш не би направил…“.