Не се Реал и ПСЖ: Дали Мбапе го откри својот нов клуб? (ФОТО)

855

Фудбалскиот свет едвај го чека јуни, се со цел и конечно да видиме каде Килијан Мбапе ќе ја продолжи својата кариера. Дали навистина ќе оди во Реал Мадрид или пак ќе остане во ПСЖ? Тоа е прашањето на сите прашања.

Сепак синоќа најдобриот фудбалер во светот во моментов, преку своите социјални мрежи асоцираше на нешто.

А тоа нешто медиумите во Франција и Европа го нарекоа “бомба“. Имено Мбапе напиша -ЗЕБРА, НАСКОРО…

Тоа наиде на воодушевување кај фановите на Јувентус, па се знае кои се “црно – белите“, но сепак да не заборавиме дека можеби Мбапе мислел и на Њукасл, јасно е дека овој клуб од Премиер – лигата е најбогатиот во светот и дека тој а не Јуве, може да си го дозволи Мбапе.

ПретходноМакедонските одбојкари добиваат нов странец за селектор, промоција следната недела
СледноСудии за ВМФЛ: На Вардар му суди Ралевски, Ѓорѓиев на Воска, Качевски во Пехчево