Лапорта по “ГЕРМАНСКАТА ИНВАЗИЈА“ на “Камп Ноу“: Ова е срамно! (ВИДЕО)

455

Топ – тема во шпанските медиуми, но и во европските, не е елиминацијата на Барселона од Ајнтрахт Франкфурт во Лигата на Европа, туку фактот дека вчера на “Камп Ноу“ имало 30.000 фанови на гостинскиот клуб од Германија.

Сите тоа го нарекоа “ГЕРМАНСКА ИНВАЗИЈА“ во Барселона, на “Камп Ноу“.

Клубот од Каталонија е шокирам се бараат виновниците, посебно ако се знае дека на фановите на Ајнтрахт им беа доделени само 5.000 билети.

Очигледно е дека фановите на Барселона ги препродавале своите билети на германските навивачи, така барем се претпоставува.

Барселона најави истрага, тренерот Чави беше гневен, а по сето ова се огласи и Хоан Лапорта, првиот човек на Барселона…

Се разбира дека ова е срамно, неприфатливо. Ова не смее да се повтори. Се сомневаме, имаме разни информации зошто дојде до ова. Кога ќе ја утврдиме вистината јавноста ќе биде запознаета“ рече покрај другото Лапорта.

ПретходноДинамо Киев избрка фудбалер – неговиот татко работел за Русите!
СледноЛиверпул денеска ќе биде во молк: 33 години од трагедијата на “Хилсборо“! (ФОТО)