Календарот е пополнет, нема тест со Украина

518

И покрај најавите во јавноста дека македонската фудбалска репрезентација ќе одигра пријателски меч со репрезентацијата на Украина во следниот репрезентативен прозорец, сепак, реалноста е поинаква.

Термин за одигрување на ваков меч, едноставно нема, и нема простор тој да се одигра во блиска иднина. Македонија во јунскиот репрезентативен прозорец има четири мечеви, сите дел од новиот циклус на Лигата на Нациите. Стартуваме против Бугарија на гости во Разград на 2 јуни, следува мечот на гости кај Гибралтар на 5 јуни, за да финишираме со двата домашни дуели против Грузија на 9. јуни односно Гибралтар на 12. јуни. Тоа значи дека Македонија е „фул“ и дека пријателски меч не е опција.

„Едноставно нема кога да се одигра било како пријателски меч“ – кратко  ни изјави Златко Андоновски, портпаролот на Фудбалската Федерација на Македонија.

 

 

ПретходноЕкс-селекторот Николиќ го објави списокот на БиХ за мечот со Македонија во Сребрената лига
Следно„Форца“ на Џипун ќе соработува со Црвена Звезда