Валон Етеми со гол за Истанбулспор!

166

Добар настап, убав гол за Истанбулспор за нашиот репрезентативец Валон Етеми.Имено вечерва во втората лига на Турција, Етеми во 68.минута стрелаше за Истанбулспор против составот на Бурсаспор, за водство од 2:1, резултат кој на крајот се покажа како доволен за победа на домашниот состав,иако домашните во последните секунди постигнаа уште еден за конечни 3:1. Интересно, една минута по голот во 68.минута, Етеми го напушти теренот.

Добрата форма на напаѓачот може само да го радува нашиот селектор Благоја Милевски.

ПретходноШампионот во ритам: Интер со три бода од гостувањето кај Специја! (ВИДЕО)
СледноВо чест на Марко Божиновски – Засекогаш со нас!