Со Вардар нема шега, моќно до 14. пехар

262

Вардар лесно, без проблем го доби дуелот против Металург со  39:27 за потврда на шампионската титула, вкупно 14 во својата историја. Избраниците на Стевче Алушовски не дозволија изненадување, иако во Битола се надеваа на чудо.

Валчак со пет гола беше прв стрелец, по четири имаа Георгиевски, Талески и Дибиров. Калуѓеровиќ со 9 гола беше најдобар на терен.

Градските ривали се “јадеа” само во првите 15 минути, во кои тимот од Автокоманда со серија од 3-0 поведе со 8-9, а потоа влезе во агонија која траеше цели 14 минути.

Вардар на спротивната страна го полнеше голот на противникот, со неверојатна серија од 13-0 поведе со двоцифрени 21-9. Пред полувремето, Калуѓеровиќ го прекина постот, реализираше за 21-10.

Вториот дел беше чиста формалност, шанса добија сите ракометари на двата тима.

Металург на оваа средба не сметаше на својот лидер, Златко Хорват, поради хематом на десното колено.

И покрај поразот, тимот од Автокоманда останува на четвртото место, заедно со Пролет, ќе играат квалификациите за Европска лига.

ФОТО: РК ВАРДАР

РЕЗУЛТАТИ, ПОСЛЕДНО КОЛО
ВАРДАР – МЕТАЛУРГ  39-27  (21-10)
Е. ПЕЛИСТЕР – ОХРИД  30-14 (15-8)
СТРУГА – Т. ПРОЛЕТ   23-30 (11-16)
БУТЕЛ СКОПЈЕ – Е. ПЕЛИСТЕР 2  29-28 (13-15)

ПретходноСамо што потпиша за Барселона, сега е позитивен на Ковид-19
СледноИ Суарез го промени мислењето за Челзи