Имобиле го спаси Лацио од пораз (ВИДЕО)

77

Торино беше на чекор да направи мало изненадување вечерва совладувајќи го Лацио на гостински терен, но Имобиле со гол во судиското продолжение успеа да ги спаси римјаните од срам пред своја публика и да ги остави во трка за место кое води во европските купови.

Пелегри со голот во 56. минута ги доведе гостите до водство од 1:0, предност кој „биковите“ одлично ја одржуваа се до последните моменти од мечот, но Милинковиќ-Савиќ одлично асистираше, а Имобиле успеа да погоди во третата минута од продолжението и да го спаси мечот за домашните.

„Лацијалите“ остнаа на 7. место на табелата и по ова коло, па до крајот на сезоната ќе имаат голем предизвик да обезбедат излез во Европа.

ПретходноДеспотовски и Будва поведоа во црногорското плеј-оф финале
СледноБаерн (М) се откажува од Забицер, летово оди на продажба