Навивачите на Барселона претепаа поранешен фудбалер (ВИДЕО)

681

Откако Ајнтрахт ја шокираше Барселона на гостински терен и ја елиминираше од Европската лига, дојде до пресметка пред „Камп Ноу“ за која и денеска се зборува.

Фановите на Барселона ги нападнаа германските навивачи кои изненадувачки дојдоа во голем број. Меѓу нив се најде и некогашен чешки репрезентативец кој го носеше дресот на тимот од Франкфурт. Мартин Фенин на овој дуел дојде со својата сопруга, а навивачите на каталонскиот гигант но ги поштедија, ги урна на подот и го клоцаа, на голема среќа не мина со тешки поведи.

Набрзо по овој инцидент некогашниот фудбалер објави видео-снимка од нападот. Фенин на натпреварот дојде како поддржувач на германскиот клуб за кого настапуваше во периодот од 2008 до 2011 година, за Чешка одигра 16 натпревари.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Martin Fenin (@martin.fenin_official)

ПретходноКапа доле за големиот борец – Филип Муркуловски!
СледноЏеси: Верувам во Шкендија, верувам дека можеме да ја победиме Брегалница!