ПМФЛ: „Пандевци“ пред тежок испит кај Ренова, Тиквеш гостува на „Автокоманда“…

158

 

Попладне од 16 часот закажани се преостанатите три меча од 28.коло во ПМФЛ. Секако дека сите погледи ќе бидат свртени кон Штип и Тетово, каде играат Брегалница и Шкендија, како и Ренова и А. Пандев. Се разгорува битката за излез во Европа, па така “пандевци“ се пред тежок испит под Шара. Ренова е одличен тим, си има свои математики и амбиции, но рековме веќе, ако струмичани сакаат и натаму да бидат во трката за Европа, убаво за нив ќе биде овој дуел да не го загубат.

Брегалница го сака “скалпот“ на сеуште актуелниот шампион, но интересно ќе биде и на Автокоманда, каде играат Скопје и Тиквеш.

Овие две екипи најверојатно ќе играат бараж за опстанок во ПМФЛ, но денеска ќе се игра и за престиж. Се очекува интересен и возбудлив натпревар на Автокоманда.

 

ДВОЈКИ ЗА 28.КОЛО – ДЕНЕСКА (16 Ч)

БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА

РЕНОВА – А.ПАНДЕВ

СКОПЈЕ – ТИКВЕШ

ВЧЕРА:

МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ 1:0

БОРЕЦ – СТРУГА ТЛ 2:0

ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ 0:1

ПретходноИ Келини полуде, дефинитивно! (видео)
СледноДаци со шампионскиот пехар во Белгија (видео)