Македонската ракометна репрезентација на Македонија денеска (19 часот) во СЦ „Борис Трајковски“ го игра реванш мечот против Чешка за пласман на Светското првенство следната година кое ќе се одржи во Полска и Шведска.
Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров за овој меч направи една промена за разлика од составот со кој игравме во Злин. На местото на Марко Митев е Михајло Младеновиќ.