Леванте победи, си ги зголеми шансите за спас (ВИДЕО)

96

Тимот на Леванте со нашиот Енс Барди на клупата, успеа предмалку да слави на гостувањето кај Гранада со високи и убедливи 1:4, со што си ги подобри шансите сезонава да се спаси од испаѓање.

Императивот на победа за гостите направи тие да одиграат на овој меч и повеќе од добро, и да го совладаат противникот со убедливи три гола разлика. Серијата голови ја отвори Гомез о 17. минута, за да во вториот дел погодат Моралес, односно Малса. Во последните секунди од мечот домашните намалија на 1:3 преку КОладо, но Солдадо минута подоцна ги постави конечните 1:4.

Со овој триумф, тимот на Леванте стигна до бројката од 25 бодови, четири помалку од границата која би го ставил клубот во моментов надвор од зоната за испаѓање.

ПретходноГолот на сезоната доаѓа од третата англиска дивизија(ВИДЕО)
СледноПортугалија го освои Ајндховен и завери мундијалска виза