Филип Миркуловски и официјално го игра последниот натпревар во националниот дрес. Големиот борец се врати да и помогне на Македонија на патот на смена на генерации. Дуелот со Чешка е последен за него, а РФМ во знак на благодарност му подари врамен дрес.
За збогувањето на Кирил Лазаров и уште неколку ракометари беше најавено за следните квалификациски мечеви.