Македонската ракометна репрезентација пред полни трибини, во одлична атмосфера го игра реванш дуелот против Чешка за место на Светското првенство 2023 година. По првото полувреме резултатот е 14-12.
Митревски има осум одбрани, Талески и Кузмановски постигнаа по три гола, по два имаат Лазаров, Миркуловски и Пешевски.
Почетокот не беше ист како во Злин, но нашите ракометари за кратко време успеаја да го сменат текот на дуелот. Чешка поведе со 2-4, Македонија врати со серија од 5-0. Со головите на Пешевски, Талески и Атанасијевиќ, „црвено-жолтите“ поведоа со 7-4 во 13 минута.
Предност од три гола имавме и на средината на првото полувреме (8-5). Две грешки, две потрошени топки гостите ги претворија во два гола за 8-7. И двете репрезентации останаа со играч помалку. Македонија одржуваше позитива од два гола, со погодокот на Миркуловски дојдовме на 12-9, но останавме без Стоилов, доби исклучување.
Кузмановски го реализираше првиот седмерец за 13-10, откако Серафимов претходно не успеа. Во 24. минута не искористивме напад за плус четири. Младеновиќ заработи две минути, Чешка намали на 13-12 во 28. минута, имавме недозволива техничка грешка на освоена топка. Кузмановски со бомба, Митревски со седмата одбрана, зголемија на 14-12, Лазаров изгуби топка за плсу три. На одморот е 14-12.