Задоволството од победата над Чешка и новиот пласман на ракометниот Мундијал, по мечот во Скопје не го криеше и првиот човек на македонскиот ракомет, Живко Мукаетов.
„Пресреќен сум, овие момци покажаа дека имаат и квалитет и карактер. Ова е најава дека имаме убава иднина и во машкиот и во женскиот ракомет. Напред Македонија! Тука сме заедно да градиме уште поубава приказна, уште повеќе да инвестираме во макеоднски играчи, во развојот на македонскиот ракомет и спорт. Македонските спортисти покажуваат што значи да се има достоинство и да се бориш за сопствената држава“, изјави претседателот на РФМ.