И Стојанче Стоилов кажа збогум. Искусниот пикер стави крај на репрезентативната кариера, вели дека сезоните стануваат тешки, а тој веќе не може да издржи. Столе одржа емотивен говор по победата над Чешка.
„Среќен сум што победивме и се пласиравме на Светското првенство. Што се однесува до македонската јавност сакам да најавам крај на репрезентативната кариера цели 15 години. Со гордост го носев овој дррес. Киро за мене секогаш ќе биде капитенот, фала ти за се, за се што успеавме да направиме и да не направиме. Нема време да ги набројувам сите. Без одмор не можам да терам цела сезона, многу се напорни сезоните, стварно сум на крајот на силите, едноставно телото не ми издржува. Ми беше шест“, изјави Стоилов на прес-конференцијата.